Чешки судија од Лигата на шампиони вмешан во местење натпревари

Од:

Чехот Павел Краловец, кој во вторникот го судеше натпреварот од Лигата на шампиони меѓу Челзи и Краснодар, е обвинет за вмешаност во местење фудбалски натпревар во чешкото првенство, јавија локалните медиуми.

Весникот „Днес“, повикувајќи се на извори во истрагата, објави дека во случајот е вмешан и поранешниот потпретседател на чешката Фудбалска федерација Роман Бербер, кој е во притвор од октомври.

Во чешкиот печат осамнаа делови од полискиот извештај во кој се пренесува снимен телефонски разговор во кој Бербер бара да влијае врз конечниот резултат на финалето од националниот Куп во јули годинава, во кое Спарта Прага славеше над Слован Либерец со 2:1.

Би можело да ве интересира

Баерн – Динамо 9:2 – Најтешкиот пораз на Динамо во историјата

Горан Наумовски

Завршија првите натпревари од новата ЛШ: Победија Јувентус и Астон Вила

Ждрепка на Лигата на шампионите: Извлечени спектакуларни двојки во четвртфиналето и полуфиналето

Горан Наумовски

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

А1он

Таткото на Аке почина непосредно по неговиот гол првенец во Лигата на шампиони

А1он