Ченгиз: Преземањето на Њукасл е срам за англискиот фудбал

Од:

Преземањето на премиерлигашот Њукасл од страна на саудискиот фонд е „срам за англискиот фудбал“ и директно им пркоси на „човековите права“ и „правдата“, изјави денеска Хатиџе Ченгиз, свршеницата на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.

– Навистина сум тажна бидејќи гледам дека парите се поважни од сè во овој живот, рече Ченгиз во интервју за британската телевизија „Скај њуз“, ден откако славниот англиски клуб премина во рацете на конзорциум предвиден од саудискиот инвестициски фонд PCPCapital на чие чело е престолонаследник Мохамед Бин Салман.

Нејзиниот свршеник Џамал Кашоги беше убиен во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул, а турски и американски официјални лица го посочија Бин Салман како нарачател на убиството.

Британските медиуми вчера јавија дека Њукасл, кој изминатите 14 години беше во сопственост на англискиот бизнисмен Мајк Ешли, е продаден на Саудијците за околу 333 милиони евра.

– Како играчите, навивачите и тренерот на Њукасл можат да се помират со оваа ситуација?, запраша Ченгиз – Каде се вредностите, каде се човековите права, одговорноста и правдата за сите?.

Пред и официјално Њукасл да премине во рацете на саудискиот конзорциум, критики изнесе и меѓународната невладина организација „Амнести Интернешнл“, која го повика раководството на Премиер лигата да ги заостри критериумите за преземање на фудбалските клубови во Англија „место да им дозволи на луѓето, кои се вклучени во сериозни кршења на човековите права. да влегуваат во англискиот фудбал само затоа што џебовите им се полни“

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саудискиот престолонаследник: Ќе застанеме покрај палестинскиот народ

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски