Англискиот репрезентативец и фудбалер од средината на теренот на Челзи, Френк Лампард, ќе паузира најмалку две недели откако во натпреварот против Шахтар во Лигата на шампионите заработи повреда на листот на десната нога.
Триесет и четиригодишниот фудбалер мораше да биде заменет во средината на првото полувреме на натпреварот на кој европскиот шампион загуби со 2-1, а дополнителните прегледи покажаа дека се работи за повреда на мускулот.
Менаџеорт на Челзи, Роберто ди Матео вчера потврди дека на Лампард нема да може да смета две седмици, што значи дека тој ќе ги пропушти двата натпревари против Манчестер јунајтед, првенствениот во недела на „Стемфорд бриџ“, и натпреварот во Лига купот три дена подоцна на истиот стадион, а неизвесно е дали ќе биде подготвен за натпреварот против Шахтар во Лигата на шампионите кој ќе се игра на 7 ноември.