Тимот од Стемфорд Бриџ пред своите навивачи вечерва славеше против Фулам со 2:0.
Составот на Жозе Мурињо дури во второто полувреме го скрши отпорот на гостите кога Оскар се најде на вистинското место и го отвори резултатот во 52. минута.
До крајот на средбата Џон Оби Микел во 84. минута ги постави конечните 2:0 за „сините“.