Челзи продава играчи за трансфер на Стерлинг

Од:

Новиот англиски шампион Челзи се подготвува активно за летниот преоден рок, па така менаџерот Жозе Мурињо е подготвен да ги продаде Бразилецот Оскар и Колумбиецот Квадрадо.

Ова од причина што заради УЕФА финансискиот фер плеј, доколку сака да го купи Рахим Стерлинг од Ливерпул, ќе мора да продаде некои од своите играчи.

Според најавите од претходно, Ливерпул ќе бара околу 50 милиони евра за продажба на Стерлинг во кој било клуб.

Најдобриот млад играч за ланската година одби да потпише нов договор со Ливерпул, иако од неговиот клуб му понудија финансиски подобри услови од сегашните.

Според изјавите на Стерлинг, тој сака да си замине со цел да може да освојува трофеи. Инаку, за в петок е договорен состанок на Стерлинг со управата на Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска