Премиерлигашот Челзи го договорил сите детали околу трансферот на Диего Коста од Атлетико Мадрид јавија медиумите во Англија. Се проценува дека трансферот е вреден околу 32 милиони евра.
Очекувањата се дека договорот меѓу Челзи и најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид ќе биде обелоденет на 24 мај по завршувањето на финалето од Лигата на шампионите во Лисабон.
Напаѓачот на Атлетико со својот клуб има клаузула за откуп која „сините“ од Лондон ја активираа пред останатите заинтересирани за ангажман на овој врвен стрелец.
Коста во Челзи ќе заработува околу 150 илјади фунти неделно.