Шестото коло во Премиер лигата на Англија носи неколку интересни пресметки, од кои, во центарот на вниманието ќе биде лондонското дерби помеѓу Арсенал и Челзи.
Арсенал е во добра форма, што на најдобар начин го демонстрираше во минатото коло против шампионот Манчестер Сити. Челзи е лидер на табелата, во Англија е едногласно мислењето дека тимот на Ди Матео не е во вистинската форма.
Манчестер Јунајтед, речиси по традиција игра лошо на почетокот од сезоната, но неговите резултати не го покажуваат тоа. Вистински тест за избраниците на Фергусон ќе биде дуелот со Тотенхем.
Против лондонски ривал ќе игра и Манчестер Сити, „граѓаните“ ќе гостуваат кај Фулам.
Покрај лондонското дерби Арсенал-Челзи во шестото коло ќе се одигра и дербиот на Бирмингем, Астон Вила ќе му се спротистави на ВБА.
Арсенал-Челзи
Евертон-Саутемптон
Фулам-Манчестер Сити
Норич-Ливерпул
Рединг-Њукасл
Стоук-Свонси
Сандерелнд-Виган
Манчестер Јунајтед-Тотенхем
Астон Вила и ВБА својот натпревар ќе го одиграат во недела.