Челзи го пречекува Тотенхем

Од:

Фудбалерите на Челзи вечерва пред своите навивачи го играат еден од клучните натпревари во борба за место во Лигата на шампионите. Противник им е петтопласираниот Тотенхем, кој исто така има шанса за настап во Лигата на шампионите.

Ова е натпревар од 33.коло кој беше одложен поради настапот во ФА купот на Челзи.

Доколку победат „сините“ од Лондон ќе имаат значајна предност пред градските ривали, четири бодови од Арсенал (4.место) и шест од Тотенхем (5.место).

Синоќа се одиграа два одложени натпревара: Манчестер Сити – Вест Бромвич Албион 1:0 и Виган – Свонси 2:3.

Со победата Манчестер Сити го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите, а Виган кој двапати водеше, испушти шанса за помирна завршница во последните две кола.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска