Ливерпул е во обид да го земе на позајмица играчот за врска на Челзи, Хуан Мата, но „Сините“ ги одбија.
Во последните неколку дена раководството на Ливерпул направило официјално барање за Шпанецот, но без никаков успех.
Интерес кон Мата има и од Тотенхем, но до овој момент од лондонскиот клуб не се преземат понатамошни дејства.