Челзи два месеца без голманот Куртоа

Од:

Шампионот на Англија, Челзи во следните два месеца нема да може да смета на својот прв голман Тибо Куртоа, пренсуваат британските медиуми.

На првиот тренинг по враќањето од обврските со репрезентацијата Куртоа го повреди коленото.

Тоа значи дека поради паузата тој ќе пропушти седум натпревари на „сините“ – четири во Премиер лигата (Евертон, Арсенал, Њукасл, Саутемптон), два во Лигата на шампионите (Макаби и Порто) и еден во Лига купот (Волсол).

Притоа нема да може да брани и на последните дуели од квалификациите за ЕУРО 2016 за Белгија, бидејќи натпреварите се играат на почетокот на октомври.

Отсуството на Куртоа ќе биде нова можност Асмир Беговиќ да застане на голот на Челзи. Тој веќе бранеше на два натпревара во Премиер лигата по исклучувањето на Куртоа во 1. коло на дуелот со Стоук.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска