Челси се мачеа против Плимут, Вест Хем извлече победа во 121 минута кај Киденмистер

Од:

Фаворизираните Челси и Вест Хем јунајтед, изборија драматични победи во четвртото коло, во англискиот ФА куп. Кепа Аризабалага спречи пенал серија против Плимут на „Стенфорд бриџ“, додека Вест Хем во 121.минута обезбеди победа кај членот на Шестата англиска лига Киденминстер.

Играчите на Челси упатија 41 удар кон голот на Плимут, 11 од нив одеа во рамките на голот, три пати ја погодија рамката од голот. На крајот во 106.минута ја обезбедија победата преку Маркос Алонсо, а победникот да биде решен во пенл-рулетот спречи Кепа кој одбрани пенал во 116.минута.

Киденминстер против Вест Хем имаа предност од 19. се до 91.минута, кога на 1:1 израмни Деклан Рајс. Победникот да биде решен по изведувањето на пенали спречи Боувен со голот во 121. минута.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска