Челси ќе обезбеди 78.000 порции храна на здравствената служба на Велика Британија и за поддршка на стари и социјално загрозени лица за време на епидемијата од коронавирус во земјата.
Храната ќе ја подготви угостителската компанија со која работат „сините“ од Лондон, пакетите бесплатни оброци ќе им бидат доставени на оние кои имаат потреба од нив во наредните шест недели.
Клубот ќе помогне во хранење на здравствените работници во пет локални болници, во партнерство со социјални услуги и старечки домови за да обезбеди дел од потребната храна.
? Chelsea to provide 78,000 meals for NHS staff and carers during coronavirus pandemichttps://t.co/WciSnqqLYZ
— standardsport (@standardsport) April 16, 2020