Челси го отпушти Лампард

Од:

Френк Лампард повеќе не е тренер на Челзи. Лондонскиот клуб попладнево објави за отказот на 42-годишниот стручњак.

– Тоа беше многу тешка одлука, не беше лесна за сопственикот и одборот на директори. Благодарни сме му на Френк за она што го постигна како главен тренер на клубот. Сепак, најновите резултати и играта не ги исполнуваат клупските очекувања, тимот е на средина на табелата и не покажува стабилен напредок. По многу размислување беше одлучено дека е потребна промена за да му се даде време на клубот да ги подобри своите перформанси и резултатите оваа сезона, се вели во соопштението на Челси.

Клубот истакна дека нема да дава понатамошни изјави додека не биде назначен нов тренер. Како најсериозен кандидат за наследник на Лампард, се споменува Томас Тухел.

Челзи вчеравечер го победи Лутон во 4. коло од ФА купот и се пласираше во осминафиналето.

Во Премиер лигата, лондонци извојуваа само една победа на последните пет натпревари и по 19 кола се наоѓаат на 9. место во поредокот со 29 бода.

Во Лигата на шампионите 2020/21, Челзи како прв заврши во групата и се пласира во осминафиналето каде ќе се соочи со Атлетико.

Лампард го презеде раководството на Челси во летото 2019 година. Челзи заврши четврти во Премиер лигата 2019/20. Во Лигата на шампионите таа сезона, сините беа елиминирани во осминафиналето, губејќи од Баерн Минхен (0:3, 1:4).

Би можело да ве интересира

Челси подготвуваат сензационална понуда за Нејмар?

Вилијан за посилен Фулам – Бразилецот се пресели на „Крејвен Котиџ“

Горан Наумовски

Абрамович побарал дополнителни 500 милиони фунти за продажбата на Челси

А1он

Велика Британија го замрзна имотот на Абрамович и на Челси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Челси е новиот светски клупски шампион

Обиен домот на англискиот дефанзивец Џејмс, украдени медалите од ЛШ и ЕУРО2020

А1он