Тренерот на Ал Сад, Чави, ќе ја предводи Барселона. Поранешниот капитен на каталонскиот фудбалски великан веќе се договорил за соработка со клубот од „Камп ноу“, објави „Мундо Депортиво“.
Тој ќе заработува помалку отколку што заработува во катарски Ал-Сад, а во исто време, значителен дел од неговата плата ќе биде препишан како бонуси за постигнување одредени цели.
Шефовите на катарскиот клуб веќе дадоа зелено светло за преселба на Чави, но како дел од оваа зделка сакаат да договорат и пријателски натпревар против Барселона во иднина.
На 27 октомври, Барселона му додели отказ на тренерот Роналд Куман.