Чави може да влијае на враќањето на Меси во Барселона

Од:

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси може да се врати во Барселона во 2023 година.

Според „Марка“ и покрај нарушените односи меѓу 34-годишниот Аргентинец и претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, на враќањето на напаѓачот може да влијае назначувањето на екс-играчот на Барселона, Чави за главен тренер.

Меси во летниот трансфер период ја напушти Барселона како слободен играч и потпиша со ПСЖ.

Каталонците не можеа да го обноват договорот со Аргентинецот поради ограничувањето на платата

Барселона го објави назначувањето на Чави за главен тренер на тимот ноќта меѓу 5 и 6 ноември. Договорот со тренерот е со важност до 2024 година.

По 13 кола од Шпанското фудбалско првенство, Барселона освои 16 бодови и е на деветтото место во поредокот.

Би можело да ве интересира

Чави по поразот од Реал: Вознемирен сум, игравме добро, заслуживме повеќе

Ана Ололовска

Лапорта: Сакаме да го победиме Реал, нашата сила се талентираните млади играчи

Ана Ололовска

Барселона го продолжи договорот со Јумтити до 2026 година

А1он

Алвеш го собори рекордот на Барселона, играјќи во Ла Лига со 38 години и 247 дена

Ана Ололовска

Асистенција на Барди во првиот триумф сезонава на Леванте

Ана Ололовска

Реал не размислува за купување на Мбапе во зима

А1он