Целиот тим на Хофенхајм е во изолација

Од:

Германскиот фудбалски клуб Хофенхајм денеска го стави целиот тим во изолација, бидејќи се појавија три нови случаи на заразени од коронавирус. Заразени се Себастијан Руди и Ишак Белфодил, како и уште еден член на стручниот штаб. Тестирањето на уште едно лице чиј резултат беше нејасен ќе биде повторено.

Претходно, Јакоб Брун Ларсен и Мунас Дабур беа позитивни откако се приклучија на репрезентациите на Данска и Израел. Исто така, минатата недела во Хофенхајм имаше два позитивни случаи, еден фудбалер и еден член на стручниот штаб.

Хофенхајм е во групата со Црвена звезда во Лигата на Европа, а натпреварот помеѓу германскиот и српскиот клуб ќе се игра на 3 декември во Белград. Претходно, германскиот клуб ќе се соочи со Штутгарт, Слован Либерец и Мајнц.

Би можело да ве интересира

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“

Ројтерс: Германија ќе ја поддржи Украина и покрај колапсот на владејачката коалиција

Горан Наумовски

Хорор во Дортмунд: Македонец ја избодел поранешната партнерка пред трите деца

Катерина Ѓуровски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг