Цедевита сепак пресилна за МЗТ Скопје

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е поразен од загрепска Цедевита во натпревар од  регионалната кошаркарска АБА лига.

Во дуелот од 5. коло одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански„ кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа четвртиот пораз во АБА конкуренцијата откако гостите од Хрватска славеа со 61:76.

Единствено Марко Симоновски со 12 поени беше двоцифрен во редовите на МЗТ Скопје, додека за Цедевита најефикасен беше Билан со 15, додека Бабиќ и Делаш придодадоа по 13 односно 11 поени.

Покрај овој меч, кој е од 5. коло, денеска се играат и средбите: Цибона – Шолнок 96:92,  Игокеа – Партизан и Црвена звезда – Будуќност.

Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со средбата Мега Визура – Задар.

Вчера, Крка во Софија ја победи екипата на Левски со 70:68, а во Љубљана, Олимпија беше изненадена од Металац.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он