Бугарите Цинцов и Малчева, најуспешни на Мавровски Меморијал

Од:

Бугарските репрезентативци Теодора Малчева и Веселин Цинцов и на вториот ден од ФИС натпреварот во нордиско скијање „Мавровски меморијал“ постигнаа најдобри резултати и ги освоија првит места во своите конкуренции.

По вчерашниот успех, бугаринот Цинцов ја потврди својата форма и на трката на 10 километри за мажи. Патеката Мирна Долина на Бистра, ја помина со време 21 минута, 27 секунди и 7 десетинки. Втор беше хрватскиот репрезентативец Еди Дадиќ (21:37. 3), а трето време постигна Андреј Буриќ (Хрватска) 21:55.4.

Во конкуренција од 36 нордијци, од македонските репрезентативци Дарко Дајмановски кој низ целта мина со шесто време по вредност (22:27.5)

Од останатите македонски репрезентативци, позабалежителни настапи имаа Тони Станоевски и Соте Андрески кои 19-тото и 20-то место.

Кај жените, во трката на 5 километри својата доминација ја потврди Теодора Малчева од Бугарија со време 12 минути и 34 секунди и една десетинка. Второ време по вредност имаше Тања Красиќ од БиХ, а трета Ведрана Малец од Хрватска.

Од македонските репрезентативки најдбар резултат имаше Росана Кировска која во конкуренција од 19 натпреварувачки постигна осмо време по вредност.

Дарко Дамјановски ќе треба да настапи на уште еден натправар и да обезбеди доволно ФИС бодови за настапи на претстојната олимпијата со А-норма.

50-тото издание на „Мавровски меморијал“, меѓународен натпревар во нордиско скијање ќе биде затворено попладнево со доделување на признанијата на најдобрите.

Меморијалот се организира во чест на трагично загинатите во снежната трагедија од дамнешната 1956 година.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски