Буфон: Планирав да ја завршам кариера, но стигна повикот од ПСЖ

Од:

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, призна дека беше подготвен да ја заврши кариерата откако го напушти Јувентус. Според него, неочекувано дојде понудата од Париз.

– Решив да ја завршам мојата кариера. Мислев дека само повик од Барселона, Реал или ПСЖ може да ја промени ситуацијата. Сметав дека тоа беше само сон, некакво лудило. Не мислев дека е сериозно. Веќе планирав што ќе правам по фудбалот. И тогаш следуваше повик од ПСЖ. Ми беа потребни две седмици за размислување, бидејќи не ми се допаѓа празен разговор. Кога давам збор, сакам да останам на тоа. ПСЖ ќе биде мојот последен клуб. Ова е еден вид дар од судбината, изјави Буфон.

Легендарниот 40-годишен голман во текот на својата кариера пред ПСЖ и Јувентус, бранеше само уште во Парма. За италијанската репрезентација има 175 настапи.

Би можело да ве интересира

Буфон: Бев зависник, цело време се обложував

А1он

Џанлуиџи Буфон е новиот тим менаџер на италијанската фудбалска репрезентација

Легендарниот голман реши да се пензионира на 45 години

Горан Наумовски

Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска