Бруклин ги зголеми шансите за плеј офот

Од:

Со победата над Портланд со 106:96 на единствениот ноќешен натпревар во НБА лигата екипата на Бруклин ги зголеми шансите да настапи во плеј офот.

Кошаркарите на Бруклин ја добија само втората четвртина со 32:13, но и тоа беше доволно за победа бидејќи другите три им припаднаа на гостите со 25:22; 26:23 и 32:29.

Најефикасен беше играчот на Портланд Демиен Лилард со 36 поени, додека кај домаќинот Брук Лопез постигна 32 со 9 скокови.

Бруклин (7.место на Исток) има скор од 36-41 (победи- порази) или две победи повеќе и два пораза помалку од екипите кои се „под линијата“ за плеј офот: Мајами и Индијана.

Портланд со биланс од 50-27 (победи-порази) е на четвртото место на „Запад“ и со обезбедена титула во дивизијата „Северозапад“.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите