Британија е во карантин, а ќе дозволи по 60.000 гледачи на завршницата на ЕП во Лондон

Од:

Дозвола над 60.000 гледачи да бидат присутни на трибините на стадионот „Вембли“ во Лондон за двата полуфинални, како и финалниот натпревар на ЕУРО2020, донесе денеска британската Влада.

Одлуката на властите во Лондон, која доаѓа во време кога рестриктивните мерки во земјата се продолжени до 19 јули поради ситуацијата со коронавирусот, значи дека култниот стадион ќе може да биде исполнет до 75 отсто од капацитетот за самата завршницата на Европското првенство.

Сите кои ќе се најдат на Вембли за двете полуфиналиња и натпреварот за европската титула ќе мораат да имаат негативен тест на коронавирус или потврда дека примиле две дози вакцина против Ковод-19 најмалку две недели пред датумот на одржување на натпреварот што ќе дојдат да го проследат.

За натпреварите од групната фаза, како и осминафиналниот натпревар меѓу Италија и Австрија, закажан за 26 јуни, капацитетот на Вембли е редуциран до 22.500 гледачи.

УЕФА експресно ја поздрави одлуката на британските власти, нарекувајќи ја „прекрасна вест“.

– Овој турнир стана трошка на надеж и показател за луѓето дека полека се враќаме во нормален начин на живот, а оваа одлука е уште еден чекор на тој пат, изјави попладнево претседателот на УЕФА Александар Чеферин.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски