Со натпреварот меѓу Брегалница и Работнички што ќе се одигра денеска ќе биде комплетирано првото коло од Првата фудбалска лига. Поради настапот на Работнички во еврокуповите натпреварот се игра денеска попладне со почеток во 17:30 часот.
На другите натпревари одиграни вчера беа постигнати следните резултати: Вардар – Шкупи 2:2, Металург – Силекс 1:3, Шкендија – Младост Царев Двор 3:1 и Хоризонт Турново – Ренова 4:0.
На врвот на табелата со по три бодови се Хоризонт Турново, Силекс и Шкендија.