Бразил закажа полуфинале со Германија

Од:

Репрезентацијата на домаќинот Бразил ќе игра против Германија во првиот полуфинален меч на Светското првенство, откако во четвртфиналето ја совлада Колумбија со 2:1.

Бразилците преку Тиаго Силва во 7. минута од натпреварот дојдоа во водство од 1:0, а Давид Луиз од слободен удар во 69. минута го зголеми водството за Бразил на 2:0.

Колумбија се врати во игра откако Хамес Родригес од пенал на десет минути до крајот намали на 2:1.

По постигнатиот гол, Колумбија целосно се пресели пред голот на Жулио Цезар, но Бразилците успеаја да издржат до крај и да се радуваат на полуфинале.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска