Бразил очекува 11,4 милијарди долари од туристите за СП

Од:

Туристите за време на Светското првенство во фудбал во 2014 година во Бразил ќе потрошат околу 11,4 милијарди долари, покажа студијата спроведена од бразилскиот институт за туризам Ембратур.

Бразилските туристи ќе потрошат околу 72 отсто од наведениот износ или 8,3 милијарди долари, а остатокот од 3,1 милијарди долари се предвидува да го потрошат странците.

Претседателот на Ембратур Флавио Дино истакна дека е пресметано исклучиво колку ќе потрошат туристите во Бразил, а дека не е наведено колку ќе заработи туристичкиот сектор за време на Мундијалот.

Се очекува околу 600.000 странски туристи да допатуваат во Бразил, што е 30 пати повеќе отколку за Купот на конфедерациите што се одржа во јуни годинава.

Од 12 јуни до 13 јули 2014 година се очекуваат три милиони туристи во 12 градови во кои ќе се одржува Мундијалот.

Извор: Макфакс

Би можело да ве интересира

Најубавата фудбалерка на светот има над 15 милиони следбеници, повеќе заработува надвор од теренот

Тренерот на ЦСКА Софија удрен во главата

Груевски пред мечот и по коментарот на Имобиле: 10 декари земја се неспособни да одржуваат

Предраг Петровиќ

Хрватска го вклучи алармот: „Грците планираат пробив со озлогласените белграѓани“ во Сплит и Загреб“

Предраг Петровиќ

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

Савичевиќ: Само во Хрватска има култ кон репрезентацијата и затоа се успешни