Бразил ја победи Аргентина во пријателски натпревар

Од:

Во пријателски фудбалски натпревар одигран попладнево во Кина, селекцијата на Бразил ја совлада Аргентина со 2:0.

На дуелот меѓу „лутите„ латино-американски ривали, одигран во Пекинг пред 85.000 гледачи, беше одбележана 100-годишнината од првиот меѓусебен натпревар.

Диего Тардеи кој по пет години повторно доби шанса да заигра за репрезентацијата на Бразил, им ја донесе победата на „Кариоките„ со головите на 28 и 64 минута.

Brazil_s_goalkeeper_Jefferson

Аргентинците имаа шанса во првиот дел да го израмнат резултатот. Сепак, најдобриот играч на „Гаучосите„ Лионел Меси во (41-минута) не успеа да реализира најстрога казна.

Ударот на Меси од белата точка, бразилскиот голман Џеферсон успеа да го одбрани.

За Бразил ова е 15-та победа во меѓусебните дуели со Аргентина која досега само на шест средби успеала да се радува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

ВИДЕО: Бразил елиминиран, познати се полуфиналистите на Копа Америка

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски