Репрезентацијата на Мексико обезбеди пласман во осминафинале на Мундијалот во Бразил и закажа дуел со Холандија, откако во последното коло од Групата А убедливо славеа со 3:0 во директниот дуел со Хрватска за пласман понатаму.
Рафаел Маркез во 72. минута донесе водство за Мексико, а потоа танцот го продолжија Гуардадо во 75. минута и Хернандез Чичарито со голот во 82. минута.
Хрватска единствено преку Перишиќ во 87. минута успеа да го ублажи поразот, за да на крајот фрустрацијата биде откриена и со црвениот картон на Ребиќ.
Овој триумф, и второто место во групата, Мексико му донесе дуел во осминафиналето со селекцијата на Холандија која беше првопласираната од Групата Б.
Во вториот осминафинален дуел ќе играат Бразил и Чиле, домаќинот вечерва го совлада Камерун со 4:1 и така го обезбеди првото место во групата А.