Босанците не се плашат од никого

Од:

Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ денеска изјави дека неговата репрезентација ги респектира другите, но не се плаши од никого.

– Повеќето од нас имаат играно големи натпревари и знаеме како треба во определени ситуации. Не се плашиме од никого, веруваме во нашите квалитети и одиме на добар резултат. Секако дека Аргентинците се фаворити во групата, ама и ние си гледаме свои шанси, а дуелот со нив може да одлучи кој ќе заврши на првото место во групниот пласман, рече Пјаниќ.

Фудбалерот кој имаше одлична сезона во калчолигашот Рома вели дека првичната цел е да поминат во вториот круг, а потоа се е можно.

– Важно е да ја задржиме самодовербата и да не дозволиме некои непланирани работи да не исфрлат од колосек. Ги имаме сите услови за добра работа. Ветувам дека ќе сториме се што е во наша моќ да ги израдуваме нашите навивачи кои и на илјадници километри од дома ни даваат безрезервна поддршка. Да го поминеме првиот круг, па после ќе разговараме зе следните предизвици, истакна Пјаниќ.

Босна и Херцеговина на Мундијалот игра во Ф групата заедно со Аргентина (15 јуни), Нигерија (21 јуни) и Иран (25 јуни).

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска