Припадници на српската полиција на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград пронашле рачна бомба.
Експлозивната направа која во голема мера била кородирана е пронајдена на кровот над северо-источната трибина за време на редовна противтерористичка контрола спроведена поради вечерашниот дуел меѓу Црвена звезда и Кајрат од Казахстан.
Бомбата е пренесена на безбедно место за да биде уништена, а полицијата работи на расвелтлување на овој случај.