Јусеин Болт, најбрзиот човек на светот беше облечен во баварска носија, го заборави спортскиот режим и уживаше во пивото.
Болт беше воодушевен од девојките кои на своите големи гради на гостите им носат кригли пиво, па се сликаше со нив и фотографијата ја објави на „Инстаграм”.
Меѓу познатите личности на Октоберфест можеа да се видат и актерот Семјуел Џексон кој носеше носија, но и капа што не е во баварскиот дух, како и бившиот тениски ас Борис Бекер.