На Олимписките игри во Рио, спринтерот Јусеин Болт ја продолжи доминацијата во најбрзата трка.
Тој ноќеска во финалето на 100 метри истрча 9.81 секунда и го освои златниот медал.
За Јамајчанецот ова беше седмо најсјано одличје од ОИ и трето од најкусите трки.
Претходно победи и во Лондон (2012) и Пекинг (2008 година).
Второто место и сребрениот медал се за Американецот Џастин Гетлин, кој зад победникот беше побавен за девет стотинки.
На третата позиција и до бронзениот медал стигна Андре де Грасе од Канада со време 9,91 секунда.