Најбрзиот човек на планетата, Јусеин Болт од Јамајка по петти пат во својата кариера е прогласен за најдобар спортист на светот во традиционалниот избор на реномираниот италијански весник Газета дело Спорт.
Болт на Светското првенство во Пекинг освои три златни медали, на 100 метри, 200 метри и 4х100 метри штафета и доби 114 поени во гласањето.
Второто место го освои Новак Ѓоковиќ со 97 бода, а трет е фудбалерот на Барселона Лионел Меси со 78.
Во ТОП 5 се и Стеф Кари со 53 и Валентино Роси со 36 поени.
Кај жените, првото место во изборот на „Газета дело Спорт“ и припадна на победничката на УС Опен, Флавија Пенета.
Во екипна конкуренција најдобар тим на светот за 2015 година е фудбалската екипа на Барселона, актуелен шпански, европски и светски шампион.