Светскиот рекордер на 100 метри Усаин Болт го истрча своето најспоро финале во сениорската кариера, 10.04 секунди но сепак успеа да победи на митингот во Острава.
Ким Колинс заврши втор со 10.19, додека Дервис Патон од Соединетите Држави Беше трет со 10.22.
Последен пат Болт трчаше над 10 секунди во Торонто 2009 година, но тогаш временските услови беа катастрофални.
Болт на стартот беше премногу спор, иако на загравањето се беше супер, „Едноставно не знам што се случи“, рече тој.
Оскар Писториус, атлетичарот од Јужна Африка со протези на двете нозе, не успеа да истрча во олимписката норма на 400 метри, беше последен со време од 47.66, а нормата е 45.30. Трката ја доби Лашон Мерит со 45.13.
На 200 метри најуспешен беше Валас Спирмон, со време 20.14, а на 110 метри со пречки уште еден Американец, Декстер Фолк со 13.13.
Во техничките дисциплини, скок со стап Рено Левилени од Франција со прескокнати 5.9 метри беше најуспешен. Ѓулето најдолго го фрли Канаѓанецот Дилан Армрстрон, 21.29 метри, Томаш Мајевски од Полска фрли 21.01.
Во женска конкуренција најмногу внимание привлече трката на 400 метри, во која Сања Ричардс Рос беше доминантна, славеше со 50.56 секунди, пред Кристин Охуругу од Британија и Патриша Хал од Јамајка.
На 800 метри Памела Џелимо единствена истрча под 2 минути, односно 1:58.49, пред Кастер Семења со 2:00.80 и Фанту Магисо со 2:01.03.
[nggallery id=28]