Осумкратниот олимписки шампион во атлетика, Усеин Болт има пукната Ахилова тетива по учеството на хуманитарен фудбалски натпревар на стадионот Стенфорд Бриџ во Лондон.
„Се скина Ахил, но знам дека сме воини“, напиша Болт на социјалните мрежи.
Болт се повреди во второто полувреме од натпреварот помеѓу селекцијата на Англија и светската селекција (6:3). Болт не можеше да го заврши натпреварот и беше изнесен од теренот на носилки.