Најбрзиот човек на сите времиња, Усаин Болт пристигна во Рим каде утре ќе учествува на трката на 100 метри на митингот што е дел од Дијамантската лига.
На митингот, Болт ќе настапи по трет пат едно по друго, а најдобриот резултата на Олимпискиот стадион е 9 секунди и 76 стотинки.
Покрај Болт во трката на 100 метри ќе настапи Џастин Гетлин, а најавен е и настапот на Ким Колинс.