Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Усаин Болт доживеа уште пораз во настап на трка на 400 метри.
Најбрзиот човек на планетава беше дел од митинг што се одржа во Кингстон, а Болт во својата група го освои второто место веднаш зад сонародникот Николас Мејтленд. Болт на целта пристигна со време од 46 секунди и 44 стотинки додека Болт на забележа резултат 45:79.
“Среќен сум што ја завршив трката, се чувствувам одлично бидејќи во моментов сум здрав и немам проблеми со повреди. Ова е добар старт на сезоната во која верувам дека се ќе биде во ред”, изјави Болт.
За светскиот рекордер ова беше трет настап во трка на 400 мести од стартот на сезоната.