Јамајчаните доминираа во трката на 100 метри на митингот во Осло од Дијамантската лига.
Усаин Болт со 9.79 беше најбрз, само три стотинки поспор од Митингот во Рим минатата недела.
На второто место дотрча екс светскиот рекордер Асафа Пауелс со 9.85, а трет стигна Леон Кларк исто така од Јамајка со 10.10.
Инаку диквалификуван беше Марк Френсис Луис од Велика Британија заради пребрз старт.