Усаин Болт е подготвен да истрча под 20 секунди на 200 метри во трката од Дијамантската лига во атлетика во Осло во четврток.
Во оваа сезона никој не успеал да слезе под 20 секунди на 200 метри. Мислам дека сум во можност да го сторам тоа во Осло. Се чувствував добро на тренинзите, па не мислам дека тоа ќе ми биде проблем, коментира Болт.
Немам проблеми со повредата. Само ми требаат повеќе трки. Тоа е најважно. Убеден сум дека ќе достигнам оптималната форма за Светското првенство во Москва во август”, изјави Болт.