Најбрзиот човек на планетата спринтерот од Јамајка, Јусеин Болт денеска најави дека ќе учествува на митингот од Дијамантската лига во Брисел во септември.
Трикратниот олимписки шампион од Лондон, потврди дека ќе се појави на митингот во Брисел, но не прецизираше да ли ќе учествува во трката на 100 или 200 метри.
Болт кој е носите на шест златни медали од олимпијадите исто така порача дека ќе трча на гала митингот на 6 јуни во Рим во трката на 100 метри, минатата година на Олимпискиот стадниот во Рим Болт го собори рекордот на стадионот остварувајќи резултат од 9,76 секунди.
Сезонава Јусеин Болт ќе учествува и на митинзите во Острава, Осло, Париз и на Кајманските острови.
Инаку главна цел годинава за Болт ќе биде светскиот шампионат во Москва од 10 до 18 август.