Јусеин Болт ја прифати поканата да трча на Олимпискиот стадион во Лoндон на годишницата од одбележувањето на Игрите.
Митингот од Дијамантската лига во Лондон е на 26. и 27. јули кога се очекува доаѓање на бројни звучни имиња од светската атлетика.
За потсетување, Болт освои златни медали на Олимписките игри во англиската престолнина во трките на 100 и 200 метри, како и штафетата 4х100 метри.
Годишнината на одбележувањето на Игрите во Лондон е на две недели пред стартот на Светското првенство во Москва.