Болт ја одби понудата на Валета од Малта

Од:

Легендарниот јамајски атлетичар Усеин Болт, кој почна да се занимава професионално со фудбал, ја одби понудата на фудбалскиот клуб Валета од Малта да потпише двегодишен договор.

Болт досега тренираше со повеќе екипи меѓу кои и Борусија од Дортмунд, а последните неколку седмици е дел од австралискиот клуб Сентрал коуст маринерс, за кој настапи на неколку натпревари.

Минатата седмица тој ги постигна првите два официјални погодоци во кариерата, а потоа уследи и понудата од Валета, која јамајскиот спортист ја одби.

– Постои голем интерес за Болт и редовно ни испраќаат вакви понуди. Можам да потвдам дека тој нема да замине за Малта, истакна неговиот агент Рики Симс.

Првата австралиска лига почнува в петок, а Сентрал коуст маринерс првиот натпревар го играат в недела. Болт нема да настапи, а доколку потпише професионален договор ќе може да игра од јануари, кога клубовите повторно ќе можат да регистрираат играчи.

Би можело да ве интересира

Усеин Болт: Сега Роналдо е побрз од мене, тој е супер-спортист

Ана Ололовска

Јусеин Болт ќе стане татко

Ана Ололовска

Болт би трчал штафета 4х100 со тројца фудбалери

Ана Ололовска

Болт: Човекот кој ќе ги сруши моите рекорди сè уште не е роден

Ана Ололовска

Болт ја промовираше новата опрема на Олимпик Марсеј

Ана Ололовска

Болт го објави крајот на својата фудбалска кариера

Наум Локоски