Усеин Болт синоќа во Париз на трката на 200 метри во рамките на Дијамантската лига истрча со време 19.73 секунди што претставува најдобар резултат годинава.
Со ова време спринтерот од Јамајка за една стотинка го подобри резултатот на американскиот атлетичар Тајсон Геј остварен на квалификациите на САД пред еден месец.
На синоќешниот спринт на 200 метри, втор беше сонародникот на Болт, Варен Веир со резултат 19.92, додека третото место го освои Кристоф Леметр со време 20.07.