Светскиот рекордер и олимписки шампион во трките на 100 метри Јусеин Болт, доживеал сообраќајна несреќа во Кингстон, но за среќа поминал без повреди.
Како што наведуваат локалните медиуми, покрај Болт на местото на несреќата, но во друг автомобил, бил неговиот колега Асафа Пауел.
Атлетичарите се враќале од забава.
Болт и пред три години бил во слична ситуација, кога го уништил својот автомобил во предградието на Кингстон.