Најбрзиот човек во историјата и светски и олимписки шампион на 100 и 200 метри, Усаин Болт поради тоа што не е доволно подготвер ќе ги пропушти трките во Острава и Париз кои се дел од Дијамантската лига.
„Нема да бидам подготвен за трките во Острава и Париз“, изјави Јамајканецот.
Болт упати порака до организаторите во која најави дека е потполно опоравен од повредата на стапалото, но не успеал да се подготви на највисоко ниво, на кое би требал да биде во овој дел од сезоната.