Болид на Хамилтон продаден за над 4,3 милиони фунти

Од:

Болидот со кој британскиот Формула 1 возач – Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Турција во 2010 година, е продаден за 4.386.000 британски фунти.

Аукцијата на „Сотби“ се одржа викендов, по што болидот „Мекларен МП4-25А“ стана второ најскапо Формула 1 возило продадено на наддавање. Рекордот го држи болидот „Ферари Ф2001“ кој му припаѓаше на Михаел Шумахер. Тој 2017 година беше продаден за тогашни 5.449.607,43 американски долари.

Ова е, исто така, првиот продаден автомобил управуван од Хамилтон.

Аукцијата се одржа пред 140.000 навивачи на патеката „Силверстоун“, каде што Хамилтон победи завчера. Болидот го управуваше тест-возачот на „Мекларен“, Роб Гарофал, па среќниците на патеката повторно можеа да го слушнат 2,4-литарскиот мотор „Мерцедес-Бенц ФО 108X В8“.

Токму овој болид значително му помогна на Мекларен да го освои второто место кај конструкторите таа година.

Би можело да ве интересира

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

Хамилтон: Нема да е трагедија ако сезоната ја завршам без победа

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он

Тото Волф лут, Хамилтон и Расел шокирани од лошите перформансите на Мерцедес

А1он

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Макс Верстапен и Луис Хамилтон викендов се борат за историја

Ана Ололовска