Репрезентацијата на Македонија до 21.година успеа да освои бод на гостувањето во Баку против Азербејџан. На стартот од квалификациите за Европското првенство во Чешка 2015 година, попладнево младите играчи на Македонија одиграа без голови 0:0 со Азербејџан.
Освоениот бод за избраниците на селекторот Бобан Баунски е голем бидејќи од 65.минута , поради два жолти картона беше исклучен Столе Стојчевски. Покрај Македонија и Азербејџан во групата 8 од квалификациите играат и селекциите на: Израел, Португалија и Норвешка.