Блокотехна по продолжение загуби од Левски

Од:

Гевгелиската екипа Блокотехна го претрпе првиот пораз во регионалната кошаркарска Балканската лига (БИБЛ).

dobivaj vesti na viber

Кошаркарите на Блоктехна се поразени на гостувањето во Софија кај Левски со 99:93 по продолжение, откако по регуларниот дел резултатот беше израмнет 84-84.

Иако во поголемиот дел од мечот бугарскиот тим имаше предност, сепак нашиот претставник успеа да ја анулира негативата, а при нерешен резултат 84-84 на 15.секунди до крајот имаше и напад за победа. Мејлор не успеа да погоди, а на спротивната страна домаќините на 1,5 секунда не реализираа две слободни фрлања.

Во дополнителните пет минути, домаќините имаа повеќе концентрација, но и среќа, па истите ги добија со 15-9, за конечен резултат 99:93.

Најефикасен во тимот на Блокотеха беше Американецот, Двејн Бенжамин кој средбата ја заврши со 27, додека неговиот сонародник Мајк Мејлор постигна 23 поени. Двоцифрен број на поени (13) постигнаа Марјан Младеновиќ и Данило Мијатовиќ.

За гевгеличани ова е прв пораз во нивната дебитантска сезона во БИБЛ конкуренцијата.

Во првиот меч од 3.коло црногорскиот тим Ибар беше поразен од Рилски Спортист од Бугарија со 61-84.

Утре ќе се одиграат преостанатите две средби.

Во Тирана кај истоимената екипа гостува Башкими, додека од 19 часот Куманово го пречекува составот на Академик Бултекс кој досега нема пораз.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

БИБЛ: ТФТ со две победи се враќа од Бугарија

А1он

Убедлив пораз на ТФТ на гостувањето кај Ирони Нахарија

А1он

Втор пораз на Куманово во БИБЛ лигата

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

ФМП Академија го доби „македонското дерби“ на стартот на БИБЛ лигата

А1он