Блокотехна против Гостивар е втората полуфинална двојка за кошаркарскиот Куп на Македонија.
Во последниот четвртфинален дуел, екипата на Марјан Србиновски го победи Фени Индустри со 88:81.
Тимот од Гостивар беше подобар противник, откако по првото полувреме имаа солидна предност од 44:32. Иако Фени успеа да ја намали разликата до -4 во третата четвртина (49:45), гостиварци повторно притиснаа и не дозволија изненадување.
Тасовски со 17 поени беше најефикасен во составот на Гостивар, Костоски постигна 16. Кај Фени се истакна Марковски со 24 поени.
Мечот Блокотехна – Гостивар почнува од 17:30 часот, додека од 20:15 е второто полуфинале, вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје.