Илиевски: Покажавме карактер кога ни беше многу тешко

Од:

Тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски има причини за задоволство, бидејќи неговиот тим избори финале во купот и покрај тоа што гостите во првото полувреме имаа и двоцифрена предност.

По две четвртини откако противничката екипа имаше баш шутерско шоу, 9-17 за три поени, ние успеавме да го надминеме тоа како психолошки момент, да се вратиме во трета четвртина и да покажеме карактер и практично да го оставиме срцето на терен и овој полуфинален натпревар да го завршиме позитивно. Би одвоил еден сегмент од играта, а тоа е што морам да го издвојам Војче Лефкоски кој два месеца беше отсутен од терените и со еден тренинг денес беше клучен фактор кој без проблем го фати натпреарувачкиот ритам, изјави Илиевски.
Блокотехна за првпат во својата куса историја обезбеди финале во националниот куп.

Противник на гевгеличани ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром (почеток 20:15 часот).

Би можело да ве интересира

Блокотехна прв финалист во кошаркарскиот куп

Блокотехна – Гостивар втората полуфинална двојка во Купот на Македонија

Кирил Божиновски ги плаќал Дурловски, Илиевски и Јовановски за да го потпалуваат народот

Наум Локоски

Наков: Илиевски со својот говор на 27 април не ги повикува граѓаните да влезат во Собранието

Наум Локоски