Блејк национален шампион, ги победи Болт и Пауел

Од:

Јохан Блејк го шокираше атлетскиот свет, откако синоќа го победи олимпискиот и светски шампион и светски рекордер Усеин Болт на 100 метри на олимписките квалификации во Јамајка.

Блејк ги надмина Болт и Асафа Пауел и постигна феноменален време од 9.75 секунди. Тоа е најбрзата трка оваа година и четвртото најбрзо време во историјата.

Болт, кој стартуваше лошо, стигна на целта втор со време од 9.86 секунди, а Пауел трет со 9.88.

„Сега сум национален шампион на Јамајка и ќе одам на Олимпијадата како таков“, изјави Блејк по трката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта