Јохан Блејк веќе ги почна подготовките за новата натпреварувачка сезона, особено за Светското Првенство што во август ќе се одржи во Москва.
Атлетичарот ќе се обиде да го симне од тронот досега „недопирливиот“ Усеин Болт, но во меѓувреме би сакал да ги одмери силите и со Кристијано Роналдо.
„Начинот на кој што Португалецот трча, и тоа со топка во нозете, е навистина неверојатен. Сметам дека тој може да биде многу близу до моето време, па дури и до Болт. Искрено би сакал да трчам против Кристијано, нормално на ревијална трка што би била од хуманитарен карактер. Тој е неверојатно брз, многумина мислат дека јас би победил, но не би бил толку сигурен. Како и да е, таа трка би претставувала уживање за сите“ – изјави Блејк.